Под хипотека 56.000 стана

Bez autora
Aug 22 2013

Вкупно 56.169 стана во државата се ставени под хипотека, а нивната вкупна вредност е 1,6 милијарда евра. Ова бројка е нешто помалку од 10 отсто од вкупниот број станови во земјава според податоците од последниот попис во 2002 година. Во најголем број случаи хипотеките ги држат банките, a помалку од 5 отсто се кај приватни лица или компании. Според бројките до кои дојде „Дневник“ од Агенцијата за катастар, најмногу станови под хипотека има во Скопје, каде што и најмногу се гради. Во главниот град се заложени 29.238 стана, следува Битола со 2.668 стана ставени по хипотека, па Kуманово, каде што кај банките под залог се ставени 2.663 стана. Становите најчесто се заложуваат при земање кредит како гаранција, но сите се ставани под залог во различен период. Kај некои хипотеките стојат и по повеќе од една деценија, колку што е потребно да се исплати, на пример, еден станбен кредит...

Под хипотека 56.000 станаВкупно 56.169 стана во државата се ставени под хипотека, а нивната вкупна вредност е 1,6 милијарда евра. Ова бројка е нешто помалку од 10 отсто од вкупниот број станови во земјава според податоците од последниот попис во 2002 година.

Во најголем број случаи хипотеките ги држат банките, a помалку од 5 отсто се кај приватни лица или компании. Според бројките до кои дојде „Дневник“ од Агенцијата за катастар, најмногу станови под хипотека има во Скопје, каде што и најмногу се гради. Во главниот град се заложени 29.238 стана, следува Битола со 2.668 стана ставени по хипотека, па Kуманово, каде што кај банките под залог се ставени 2.663 стана.

Становите најчесто се заложуваат при земање кредит како гаранција, но сите се ставани под залог во различен период. Kај некои хипотеките стојат и по повеќе од една деценија, колку што е потребно да се исплати, на пример, еден станбен кредит.

И покрај обидите, не успеавме да обезбедиме податок колку од хипотеките што ги држат банките се активирани по последниот период, во бројки, односно колку од заложените станови им се земени на сопствениците. Банкарите тврдат дека од почетокот на кризата одзеле повеќе имот споредено со претходниот период, но дека бројот не е драматично зголемен.

Листата што ексклузивно ја има „Дневник“ покажува оти во речиси секој град има станови под хипотека. Најмалку се заложени во Демир Хисар, 39 стана, во Kратово под хипотека се 85 стана, а во Македонски Брод 77 стана. Освен во Скопје, Битола и во Kуманово, градови со најмногу станови под хипотека, по неколку илјадници станбени единици се под залог и во Струмица - 2.248 стана, Kавадарци - 2.148 стана, Прилеп - 1.696 стана, Гевгелија - 1.749, а во Охрид 1.503 стана. Сепак вкупниот број заложени станови варира по градови во зависност од вредноста на станбениот квадрат и од големината на становите.

Показател за задолженоста

Во земјава сите 56.169 стана под хипотека вредат 1,6 милијарда евра или секој од нив по речиси 30.000 евра.

- Во последниот период расте задолженоста на граѓаните, па се зголемува и бројот на становите под хипотека. Во вкупната бројка на заложени станбени единици влегуваат и тие од објектите што се во изградба, а за кои инвеститорите побарале кредит. Станови се заложуваат и за сите видови банкарски позајмувања, но тоа не е проблем, освен кога поради неможност за враќање, хипотеката треба да се активира - вели Сеад Kочан, од градежна комора при Сојузот на стопански комори.

Од градежните компани потврдуваат дека во последниот период повеќето од граѓаните што купуваат станови ги плаќаат со кредит и во исто време ги ставаат под хипотека.

- Ние соработуваме со неколку банки и имаме целосна доверба. Банките со кои работиме им прифаќаат и одобруваат кредити на клиенти со впишување хипотека, дури и на станови во изградба. Во повеќето случаи новите станови се купуваат со кредити за кои се гарантира со самиот објект - вели Драгана Чифлиганец од градежната компанија „Адора инженеринг“.

Последен чекор

Според последните податоци од Народната банка, заклучно со 2012 година, банките чуваат имот вреден 120 милиони евра. Во оваа сума влегува сиот имот што тие го имаат земено од клиенти што го заложиле кога се задолжиле, но откако не успеале да ги вратат ратите, ~ припаднал на банката. Од април годинава, со одлука на Централната банка, банкарите ќе мора поревносно да се ослободуваат од овој имот, оти, во спротивно, од година во година тој ќе ја губи вредноста, а по пет години ќе вреди нула. Законските измени, од кои с` уште не е пресметан првичниот ефект, во Народната банка ги правдаа со потребата да се види колкав е реалниот профит на банките, оти во билансите на успех тие како добивка го пресметувале и одземениот имот, кој најчесто е преценет и кој потоа со години не можат да го продадат.

Од банките не сакаат да коментираат како им оди продажбата на одземеното, но потврдуваат дека имаат имот што со години не можат да го продадат. Тврдат дека иако во последниот период поради кризата, расте процентот на проблематични кредити, сепак нема значајно зголемување на активираните хипотеки, особено кај граѓаните што зеле станбен кредит со хипотека. За овие кредити, велат, наплатата е најдобра бидејќи граѓаните стравуваат да не им биде одземен станот. Од друга страна, тврдат дека активирањето на хипотеката е последен чекор и банката го прави дури откако ќе бидат исцрпени сите други можности.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik